Бугарија со повеќе пари од планираното, платите во јавниот сектор пак ќе растат
Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2013 20:30
Главната причина за помалиот дефицит се поголемите приходи. Според министерот за финансии, планот на царината бил исполнет со 25 милиони лева. Националната агенција за приходи, пак собрала 150 милиони лева над предвиденото. На крајот на 2012 година Министерството за финансии ги ревидира очекувања за дефицитот од првичнита 900 милиони лева, на помалку од 800 милиони лева. Како една од главните причини за подобрените очекувања беа парите од Европската комисија пари за европроектите.
Според Џанков, фискалните резерви со кои се започнува 2013 година, се околу 7 милијарди лева, поради што државата нема да се појави на пазарот на државни хартии од вредност и да бара надворешно финансирање. На 15 јануари сепак претстои првото големо плаќање на државата по нејзиниот надворешен долг - 1.6 милијарди лева за глобалните обврзници, издадени во 2002 година, што ќе се одрази на нивото на фискални резерви.
Надежи за зголемување на платите
Можно е и зголемување на некои приходи поради нискиот дефицит за 2012 година, пренесуваат бугарските медиуми.
„Знаете дека од 1 јануари веќе се зголемија платите на културните работници, во системот за здравство, за образование, но помалиот буџетски дефицит од предвидениот сега дава можност и за некои дополнителни зголемувања на приходите - се разбира, во одредени области ", коментира Џанков за БНТ. Сепак, Министерот не прецизира во кои сектори ќе се покажуваат платите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





