Добивај вести на Viber
Околу 72 отсто од Бугарите сметаат дека состојбата во нивната земја е „неподнослива“, што е најголем процент во последните шест години, покажала анкетата на Институтот отворено општество, спроведена во периодот од 5 до 16 јули, на репрезентативен примерок од 1.155 испитаници.
„Овој процент е најголем во последните шест години и е поголем за 15 процентни поени во споредба со јули 2012 година“ - се вели во извештајот за анкетата..
Само два отсто од граѓаните сметаат дека состојбата е „нормална“, а 22 отсто ја оцениле како „поднослива“.
Во однос на економската состојба, 63 отсто од испитаниците одговориле дека таа се влошила за една година, а 37 отсто стравуваат дека таа уште ќе се влошува.
Околу 40 отсто од Бугарите се изјасниле дека имаат поголема доверба во европските институции отколку во националните, објавија сајтовите во регионот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.