05 Декември, 2025
0.0450

Бугарите денеска повторно протестираат за скапата струја

Објавено во: Балкан 19 Февруари, 2013 09:57

Добивај вести на Viber

Нови демонстрации се закажани за денеска во Софија и неколку други градови во Бугарија заради исклучително високите цени на електричната енергија на кои се бара и оставка од Владата. Како што информираат грчките медиуми, пред бугарскиот парламент вчера протестираа околу две илјади луѓе. Демонстрациите во Софија прераснаа во насилства кога се случи судир меѓу полицијата и демонстрантите кои фрлаа со камења кон зградата на парламентот и искршија прозорци. Полицијата подоцна соопшти дека се уапсени четворица демонстранти Повеќе од две илјади луѓе демонстрираа и во Варна, а протести се регистрирани и во девет други градови во државата. Бранот протести кој во најсиромашната држава во ЕУ почна пред околу една недела од ден во ден собира се повеќе незадоволни граѓани кои тврдат дека сметките за струја надминале вистински цени за потрошена енергија за околу 120 отсто. Според бугарскиот економски весник Капитал, со минимална плата во Бугарија од 260 лева (околу 130 евра) може да се купи 10 пати помалку струја отколку со минимална плата во Франција. ЕК минатиот месец соопшти дека Бугарија, Велика Британија и Естонија ги пријавила во Европскиот суд за правда бидејќи тие држави во целост не усвоиле правила од ЕУ за либерализација на нивните енергетски паазари. Во Бугарија за пет месеци ќе има избори, а според анкети поддршката за Владата е намалена на 22 отсто, а во иста мерка граѓаните ја поддржуваат и опозициската Социјалистичка партија    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии