Бугарите гласаат за новото раководство на државата
Објавено во: Балкан 12 Мај, 2013 10:01
Почна како протест против скапата струја и парно, заврши со оставка на Владата на Бојко Борисов во февруари и распишување предвремени избори кои денеска се одржуваат во Бугарија.
На овие избори учествуваат 63 партии, од кои 27 формираа осум предизборни коалиции, додека останатите ќе настапат самостојно.
Главно прашање сепак е дали неделните избори ќе донесат некаква промена во политичкиот спектар, имајќи предвид дека главната изборна битка се води меѓу двете водечки сили и во досегашниот состав на Собранието - популистичката десно-центристичка партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Борисов и Бугарската социјалистичка партија (БСП) на Сергеј Станишев.
Според последните анкети на јавното мислење, ГЕРБ може да очекува меѓу 22 и 24 отсто од гласовите, а социјалистите 17 до 18 проценти. На третото место би требало да се пласира партијата на бугарските Турци - Движењето за права и слободи (ДПС), кое може да се надева на шест до седум отсто од гласовите. Четирипроцентиот изборен праг, според анкетите, ќе го мине само уште националистичката партија Атака, која ужива поддршка на пет до шест проценти од гласачите.
Анкетите покажуваат и дека одѕивот на изборите ќе биде меѓу 55 и 60 проценти.
Во голема мерка валканата предизборна кампања мина во сенка на аферата на прислушување на повеќе водечки политичари од страна на безбедносните служби во последниве неколку години, како и со шесте случаи на самозапалувања, од кои три беа проследени со истакнување на политички барања, а при другите три како мотив беа наведени очајот и сиромаштијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





