Бугарите гневни, протестите ескалираат!
Објавено во: Балкан 05 Март, 2013 21:47
Уште три лица се самозапалиле денеска во Софија, од кои две починале, за време на протестот на рударите, железничарите и вработените во електраните кои му се придружија на бранот масовни протести во Бугарија. Демонстрантите излегле на улица незадоволни од најавеното намалување на работните места, високите цени на електрична енергија и нискиот животен стандард пред одржувањето на вонредните парламентарни избори во мај, јавуваат бугарските медиуми.
Протестот е организиран од двата најголеми синдиката КНСБ и „Поткрепа“.Голем број Бугари се незадоволни од политичката елита во земјата, која ја сметаат за корумпирана, оценувајќи дека многу малку направила за подобрување на животниот стандард на граѓаните, кој е помал од половина од просекот во ЕУ.
Изминатиов месец Бугарија ја тресат силни протести во кои беа повредени беа десетици лица, бугарскиот премиер Бојко Борисов беше принуден да поднесе оставка, а вонредните избори се закажани за 12 мај.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





