05 Декември, 2025
0.0345

Бугарите мака мачат со „Белене“, во Македонија се планира изградба на нуклеарна централа?

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2013 19:53

Добивај вести на Viber

Група во ЕЛЕМ ќе ги истражува регионалните и светските трендови во нуклеарната енергетика, вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на меѓународна работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија во организација на АД ЕЛЕМ, МАНУ и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Пешевски додава дека прво идејата за изградба на нуклеарна централа мора да мине на референдум, па потоа да се простапи кон проектот. Сепак, испитувањата веќе се прават. „Не е ова никаков знак дека Македонија се вклучува во нуклеарната енергетика или дека таква одлука има донесено, но на одговорен начин правиме анализи.Неодговорно би било да се биде „а приори“ против која било технолгија“ вели Пешевски и додава дека Македонија нема нуклеарна енергетска програма и се уште нема донесено одлука да отпочне со нуклеарна програма во сопствени или регионални проекти, но Владата затоа ги следи меѓународните случувања. Според Иван Виденовиќ, Меѓународна агенција за атомска енергија, помалите држави немаат капацитет за такви големи проекти, ниту финансиски, ниту кадровски, ниту инфраструктурно.  Затоа, додава тој, регионалната соработка е неопходна. Бугарија, Словенија и Хрватска веќе имаат нуклеарни централи. Земјава се обиде да стане дел од проектот за иградбата на нуклерната централа Белене во Бугарија, но обидот пропадна. Бугарите распишаа референдум за Белене, на кој иако поголемиот броуј гласаа за, тој пропадна поради немање излезност. Проектот е во застој поради недоразбирања меѓу Бугарија и Русија, чија компанија „Атомстројекспорт“ требаше да изгради нуклеарна централа со капацитет од 2.000 мегавати. Спорот се однесува на конечната цена на проектот, кој пак се очекува да изнесува меѓу 6 и 11 милијарди евра. Деновиве Бугарија ја тресе нов скандал поврзан со Белене. Вчера обвинителството и официјално потврди дека биле извршени тешки злоупотреби во областа на енергетиката , вклучувајќи и обиди за уништување на документи , поврзани со плаќања по запирањето на проектот за нуклеарната централа. Од обвинителството  се сомничат декаодговоните за проектот, нелегално наплакале по 950 000 евра месечно на консултантски услуги. Евентуалната изградба на нуклеарка, Македонија би ја чинело неколку милијарди евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите