05 Декември, 2025
0.0344

Бугарите на протест, Премиерот во оставка, а Чесите уверуваат дека струјата не била скапа

Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2013 20:48

Добивај вести на Viber

И покрај оставката на бугарскиот премиер Бојко Борисов, силни протести вечерва ја тресат Софија главниот град на Бугарија. Граѓаните кои бараат поевтина струја се упатија кон дирекцијата на ЧЕЗ, чешката компанија која врши дистрибуција на струја во Бугарија. 

Дел од учесници на протестите, како што јави БТА, изјавиле дека не сакаат предвремени избори кои би ги довеле на власт луѓето што управуваа со државата во последните 23 години, туку дека сакаат само пониски цени за струјата. Извикувајќи „Долу партиите“ и „Мафија“ тие се упатија пред зградата на бугарското Собрание, каде се собраа и група поддржувачи на премиерот во оставка Борисов. Помеѓу двете групи се полициските сили кон спечуваат контакти меѓу нив.

Протести против поскапувањето на струјата се одржа и во неколку други бугарски градови, како Пловдив, Бургас, Ќустендил и Димитровград.

Бугарската влада најави одземање на лиценцата на ЧЕЗ, Чешкиот претседател обвинува за политиканство Според написите во бугарските медиуми,  ЧЕЗ ќе продолжи да продава струја на претплатници и да оперира со електродистрибутивна мрежа во Западна Бугарија уште најмалку 2 месеци, повикувајки се на извори од Регулаторната комисија. Доцна во вторникот Регулаторот започна постапка за одземање на лиценците на „ЧЕЗ Дистрибуција Бугарија" и „ЧЕЗ Електрани Бугарија“, но во меѓувреме чешката компанија продолжува со работа, барем до 16 април кога е закажана јавна седница на која ќе бидат разгледани резултатите од спроведената постапка. ЧЕЗ има рок до 8 март да ги отстрани неправилностите кои дадоа можност Регулаторот да пристапи кон постапката за одземање на лиценците на двете компании„ЧЕЗ Дистрибуција“ и „ЧЕЗ Електрани Бугарија“. Инаку денеска се огласи и чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој смета дека заканата за одземање на лиценцата за работа на чешката енергетска компанија ЧЕЗ во Бугарија, е резултат на политичка борба. „ЧЕЗ е искористена како инструмент за политичко ривалство, а не како причина“, изјави Клаус кој додаде дека вакви работи се случуваат секогаш кога се подготвува некој исклучителен политички настан, како на пример избори. Тој упати критики кон чешката Влада и дипломатијата според како што вели -млаката реакција. „Таквиот тивок и неопределен пристап на нашето Министерство за надворешни работи ми се чини двојно неприфатлив“, смета шефот на чешката држава кој посакува чешкото политичко раководство да реагира решително, како што претпоставува дека би реагирале други земји-членки на ЕУ доколку Чешка би го направила истото. Во врска со високите сметки за струја на кои се жалат бугарските граѓани, ЧЕЗ дава свое објаснување. Имено граѓаните повеќе се грееле поради екстремно студеното време во декември, наспроти ноември кога било потопло. Исто така, споредено со претходната година, во декември 2012 било постудено. Објаснуваат и дека цената на струјата не е покачена од 1 јули 2012 година, како и дека било забележливо огромно политичко влијание на одлуките на бугарскиот регулаторен орган.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии