20 Декември, 2025
0.0436

Бугарите не сакаат да и помагаат со пари на Грција

Објавено во: Балкан 18 Август, 2015 19:21

Добивај вести на Viber

Мнозинството Бугари се категорично против да и помагаат финансиски на Грција за излегувањето од должничката криза. Ова го покажува национално репрезентативно истражување на социолозите од „Галуп“, спроведено меѓу 30 јули и 6 август. 86% од испитаниците се против Бугарија да и обезбедува финансиска помош на Грција, а само 8% се со спротивното мислење.

Простувањето на долговите на Грција не е опција според 71 отсто од анкетираните. Поголемиот дел (48%) сметаат дека соседите треба да си го стегнат ременот, а цели 37% сметаат дека земјата дури треба да биде оставена да банкротира, бидејќи не е во согласност со ЕУ.

Бугарите остануваат поделени во однос на можноста случувањата во Грција да се повторат и кај нив.

37 проценти веруваат дека постои ризик Бугарија да западне во слична криза, а 38 отсто не мислат дека може да се стигне дури дотаму. 60 отсто сметаат дека неподготвеноста на Грците да работат повеќе е извор на нивните проблеми, а само 21 проценти го оспоруваат ова тврдење. Според 75% од Бугарите вината за случувањата треба да се бара во политичарите на Грција, а според 69% - во кредиторите. „Најмалку виновен очигледно изгледа“ народот, повеќе виновни се „Европејците“ или „богатите“, а најмногу виновни се „политичарите“, резимираат од „Галуп“.

Во меѓувреме, Грција веќе има потреба од 92 милијарди евра финансиска помош, објави весникот „Дојче цајтунг“, цитирајќи документ на германското Министерство за финансии. По средбата на земјите од еврозоната на 12 јули кредиторите одлучија дека Атина ќе добие помош помеѓу 82 и 86 милијарди евра. Сега тие се прилагодени на оценката со 6 милијарди евра.

Денес Бундестагот ќе гласа дали да го одобри третиот спасувачки пакет за Грција. Во понеделникот весникот „Билд“ ја обвини канцеларката Ангела Меркел, дека го прекршила ветувањето на Меѓународниот монетарен фонд да учествува во него. ММФ вели дека ќе почека до октомври, за да донесе одлука дали да се вклучи во помошта за Атина. Владејачката коалиција на Меркел има 504 од вкупно 631 места во парламентот.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација