Добивај вести на Viber
Повеќе од 4 илјади вработени не стигнуваат оваа година за летната туристичка сезона во соседна Бугарија. Проблемот со кадрите се појавува пред почетокот на секоја сезона.
Има коректни хотелиери кои им обезбедуваат на вработените плати и во зима, за да може да сметаат на нив во текот на летните месеци, но има и такви кои ги менуваат работниците секоја сезона, со што ги бие лош глас и страдаат, оти не можат да најдат работна сила сега, ја коментира ситуацијата пред почетокот на летото, Румен Драганов од Институтот за анализи и проценки во туризмот, пренесуваат бугарските медиуми.
Како причина за ниските плати тој го посочи и евтиниот производ кој многу хотелиери го нудат.
„Во последните години некако доброволно, на база на концептот кој го развива бугарскиот туризам - за мали хотели, тесни ходници, мали соби и бањи, согласно Правилникот за категоризација, поголемиот дел од хотелите - 92%, изградиле мали неудобни хотели. Договорите се потпишани за 61 ден пред ова лето и е исклучително тешко да ангажираат некој со минимална плата“, коментира тој.
Плаќањето започнува од 400 лева и достигнува до 650 лева, посочува уште Румен Драганов.