05 Декември, 2025
0.0309

Бугарската влада ги слушна граѓаните, нема оставка ама ќе има поевтина струја!

Објавено во: Балкан 19 Февруари, 2013 20:24

Добивај вести на Viber

Државната комисија за енергетско и водно регулирање (ДКЕВР) почнала постапка за одземање лиценца на „ЧЕЗ“, чешката компанија која врши дистрибуција на струја во Бугарија, пренесоа бугарските медиуми. Ова се случува неколку часа откако премиерот Бојко Борисов рече дека компанијата ќе остане без лиценца. Обвинителството, исто така, се огласи со поддршка на таква постапка. Претходно денеска во официјална изјава ЧЕЗ соопшти дека изјавата на премиерот Бојко Борисов за одземање на лиценцата на ЧЕЗ било спротивно на законите на Бугарија како членка на ЕУ. Подоцна дојде и реакција на официјален претставник на Чешка. „Одлуката на Бугарија да ја одземе лиценцата на ЧЕЗ за пренос и дистрибуција на струја е загрижувачка, изјави чешкиот министер за индустрија и трговија, Мартин Куба, пренесе Ројтерс. Пред само месец ЧЕЗ ја загуби лиценцата и во Албанија. Бугарската Влада и граѓанските протести Ваквото однесување на бугарската влада доаѓа по бранот протести кој ја тресе државата изминатите денови. Илјадници граѓани излегоа на улиците на Согија и останатите градови за да протестираат поради високите сметки за струја минатиот месец. Покрај намалување на сметките за струја тие бараа и оставка од Вадата. Во денешната изјава премиерот Борисов посочи дека не планира да даде оставка, но ја остави отворена можноста за предвремени избори ако продолжат протестите. Истовремено тој најави и поевтинување на струјата за 8%. Вчера бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков најави повлекување од функцијата, а медиумите ваквиот чин го поврзаа со масовните протести.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии