„БУГАРСКИ ПРАТЕНИК СОБРА 35.000 ЕВРА И ГИ ДОНЕСЕ, НАШИВЕ ОДМОР ЗЕМАА“: Ина Многуфина остро 'од овде треба лифт да те качи на дното'

Објавено во: Македонија 25 Март, 2025 11:17
По големата трагедија која ја погоди нашата земја во која на ноќен концерт избувна пожар во кој загинаа дури 59 лица, граѓаните револтирано секојдневно укажуваат на бројните нерегуларности во нашата земја.
Еден од постовите кои особено се истакнуваат е критиката на веќе добро „познатата“ критичарка од социјалните мрежи Ина Многуфина. Овој пат, таа укажа на однесувањето на нашите пратеници и на одлуката да одморат во екот на најголемата трагедија која ни се случи во историјата, од осамостојувањето.
- Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние што имаат дупки што станале тунели, оние кои се донесени за да може да шиба корупцијата, оние закони кои доведоа до оваа трагедија.... собранието си зема две недели одмор.
Да одморат они од не знам што. Од праење планови како со седење во Скопје да кешираат патни трошоци, како да идат пијани на работа, како да дремат по цел ден во бифето кое е поевтино и од студентска менза, како да се местат да позираат додека се сликаат како се потпишуваат во книгата на жалост со поглед во камера и поза кума во матично, како да дремеат на седници куцкајки на телефон, да одморат од пикање на штабските потрчковци во собрание за решение, од тоа?
Собранието го носи барјакот за системот кој го немаме, слика и прилика на еден непрофесионализам и неетичност. Да одмореле, демек да не се испотепале за ситуацијата. Еј, немој бе. Демек ќе излезат и ќе се скараат за тоа кој е крив? Па тоа ќе ескалира?
Немојте, па ние сите знаеме дека они се другарчиња кои сложно гласаат за плати и патни трошоци како едно. Земале одмор две недели, да не биде полошо. Демек елоквентниве, дел од нив со фонд на зборови комад три, а дел само послушно дигаат рака.
Бугарски пратеник собра 35.000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа. Да одморат од тоа што нигде ги немаше во време на трагедијата. Има допирање на дно во политика ама зимање одмор во време на ваква трагедија кога треба да се анализира системот и да се средува да земеш две недели одмор, не е дно.
Од овде треба да викнеш лифт да те качи до дното. Беда - напиша Ина Многуфина на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
МЕТЕОАЛАРМ: Следуваат поројни дождови, грмежи и невреме!

„ЗА ПРАШАЊАТА ЗА ИДЕНТИТЕТОТ, ИСТОРИЈАТА И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ПРАВО ДА ОДЛУЧУВА ИМА САМО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД:“ Хајредини дециден

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот
