Омерагиќ: Дени Масев го разрешивме по приведувањето

Објавено во: Македонија 28 Март, 2025 13:33
Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, масар Омерагиќ, во денешното издание на „КликПлус“ на ТВ21 рече дека директорот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација Дени Масев бил разрешен од функцијата по неговото приведување кое ја шокираше македонската спортска јавност.
- Ние го разрешивме после приведувањето и за нас тоа бешешок. За мене лично тоа е шок, затоа што Дени Масев го знам од неговата 17 година кога беше млад фудбалер. Но неговото апсење нема врска со федерацијата, тоа е нешто што е надворешно. Мене ми е жал доколку е тоа навистина така, но не можам да коментирам постапки на луѓе надвор од фудбалот, рече Омерагиќ.
Медиумите оваа недела веќе објавија дека е уапсен и притворен Масев. Тој наводно бил дел од групата Реде Трајковски – Штекли кој претходно беше уаспен поради сомнение за трговија со дрога. Спортската јавнсот е во шок по оваа информација, ако се знае дека тој беше дел од раководството кое придонесе Македонија за прв пат да игра на едно Европско првенство во фудбал.
Во јануари во полициска акција по наредба на Обвинителството за организиран криминал Штекли беше лишен од слобода. Тој се сомничи за трговија со дрога, а МВР и Бирото за јавна безбедност продолжија со потрага и апсење на целата група која тој ја предводел.
Штекли има богато криминално досие, се поврзуваше со нарко групата „Барон/Беланоца“ и преживеа три обиди за ликвидација.
Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) пред неколку дена соопштија дека Масев е разрешен од оваа функција, дури откако медиумите објавија дека е во притвор.
Можеби ќе ве интересира
ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток
„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави
