ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТОВСКИ – СТОТИЦИ ПАТИ СЕ ПОГОЛЕМИ КОНЦЕНТРАЦИИТЕ НА ЦИЈАНИД ВО КРИВА РЕКА: „Загрозен е животот и здравјето на луѓето“
Објавено во: Македонија 28 Март, 2025 13:17
Концентрацијата
на олово во водата во Крива Река е зголемена за десет пати, а неколу стотици пати од дозволеното се
концентрациите на цијанид, фосфор и азот покажуваат примероците земени еден ден по
хаваријата во рудникот „Тораница“,
информираше градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Рече дека пштината ќе бара кривична
одговорност за загадувањето по повеќе основи, истакнувајќи дека ќе ги преземе
сите активности за што побрза санација од хаваријата, а ќе побара помош и од
централната власт.
Водата еден ден по хаваријата во рудникот Тораница е сериозо загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето.
- Извештајот по направеното тестирање на квалитетот на водата во Крива Река покажува неверојато зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратно зголемено присуство и концентрација на тешки метали, поточно количината на олово присутно во водата. Дополнително за неколку стотици пати е зголемена концентрацијата на цијанид, фосфор и азот, рече Митовски. Како резултат на ова загадување на Крива Река од страна на концесионерот на рудникот Тораница загрозен е животот и здравјето на луѓето по текот на реките Тораница и Крива Река, како и флората и фауната. Загрозена е и почвата по текот на овие две реки, но и на река Пчиња на земјоделските насади кои се наводнуават од овие текови, а во ризик е ставен и сточниот фонд што се напојува од овие реки, со што се става во опасност и здравјето и животот на луѓето, рече Митовски.
Го повика Јавниот обвинтител да постапи и согласно чл. 219 од Кривичниот законик со кој се предвидува одговорност и за оние кои ќе предизвикаат загадување на водата за пиење во извори, бунари, цистерни или резервоари за вода со оглед на тоа што водата од водотекот на Крива Река и Тораница понираат и во бунарите кои се користат за навднување или за пиење вода. Побара Јавниот обвинител да постапи и по член 223 од Кривичниот законик со кој се предвидува казна затвор до три години за оној кој ќе загади вода за напојување на добиток.
- Од јавното обвинителство очекуваме дека ќе отвори истрага и по член 234 од Кривичниот законик кој се однесува на Тешки дела против животната средина и природата а во врска со претходно наведените кривични дела. Апелираме до сите надлежни институции да ги изведат пред одговорност и надлежните во Државниот инспекторат за животна средина, како и пратеникот Емил Спасовски кои со своите шпекулации и неаргументирани ставови на социјалните мрежи но и во медиумите пласираа опасни информации дека не се работи за загадување без притоа да знаат или да имаат соодветно испитување на водата пред да ја стават во опасност јавноста со лажно тврдење дека водата е безбедна. Сметаме дека со ова тие директно ги довеле граѓаните кои ја користат оваа вода во опасност од труење или други компликации по нивното здравје. За ова повикуваме Јавниот обвинител да отвори истрага согласно член. 355 од Кривичниот законик со кој се предвидува одговорност за доведување во заблуда од страна на службени лица, рече Митовски.
Можеби ќе ве интересира
ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток
„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави
