05 Декември, 2025
0.0347

Бугарските доктори бегаат од земјата

Објавено во: Балкан, Економија 21 Октомври, 2012 20:11

Добивај вести на Viber

Околу 350-380 лекари ја напуштиле Бугарија земјата од почетокот на оваа година. Очекувањата се, до крајот на 2012-та, бријката да стигне до 500. Ова го изјави Министерот за здравство Десислава Атанасова за бугарските медиуми. Меѓу причините за емиграцијата на бугарските лекари се ниските плати, лошите услови за работа и тешката процедура за специјализација. Според министерката Атанасова, оние кои ја напуштат земјата се главно млади лекари, кои се уште не се специјализирани и бараат подобри услови надвор од Бугарија. Според зборовите на претседателот на Бугарскиот лекарски сојуз, д-р Цветан Рајчинов,  бројот на докторите кои одат да работат во странство е ист со оној на ново дипломираните студенти секоја година.  Сепак, појаснува тој, Бугарија не  ја напуштаат само младите доктори, туку и постарите лекари специјалности. Во исто време во многу градови во земјата недостасуваат лекари-специјалисти по анестезиологија, судска медицина, патологија, хирургија, клиничка лабораторија. Една од причините за заминувањето е и тешкото добивање и скапата специјализација, кој многу млади луѓе ги одбива од медицината. Приватна специјализација чини 180 лева ( 90 евра) месечно. Државната пак ги обврзува младите лекари да работат во земјата на место определено од Министерството за здравство, толку години, колку што им траела специјализацијата. „Јасно е дека со почетна плата од 380 евра,  само во Романија е пониска платата од кај нас, нема како да ги задржиме младите доктори во Бугарија. Во една Полска лекарите почнуваат со 620 евра, во Португалија - со 1400 евра, да не зборуваме за неспоредливите со нас Германија и Франција, каде што минималната плата е помеѓу 4000 и 5000 евра ", коментира претседателот на Бугарскиот лекарски сојуз.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година