05 Декември, 2025
0.2150

Бугарските градежни компании на штрек; Кој ќе го гради „Јужен тек“?

Објавено во: Балкан 10 Декември, 2012 09:21

Добивај вести на Viber

Бугарија во плаови за изградба на нејзиниот дел од „Јужен тек“.За да можат бугарските  компании да учествуваат во изградба на гасоводот на бугарска територија, цевката, долга 538 километри, треба да се подели на делови,  коментира министерот за регионален развој и урбанизам Лилјана Павлова, која беше државен претставник во Анапа, Русија на церемонијата на 7-ми декември која го означи почетокот на изградба на поектот. „Бугарскиот енергетски холдинг„ (БЕВ), кој е акционер во проектот за бугарскиот дел и руски  Газпром се согласија бугарски фирми да учествуваат во најмалку 30% од активностите за изградба на „Јужен тек" преку територијата на Бугарија. Тоа значи дека при инвестиција од 1.5 милијарди евра околу 450 милиони евра од договорите ќе бидат за бугарски компании. Државата сепак ќе заработува и од даноци, бидејќи сите компании кои учествуваат во изградба на гасоводот на бугарска територија, мора да бидат регистрирани во земјата, појаснува Михаил Андонов, извршен директор на БЕВ. Тој во интервју за „Капитал Дејли" коментира дека овие компании нема да се избираат со државен договор, но за сите работи за изградба на гасоводот ќе бидат изготвени посебни процедури. За бигарските медиуми тој исто така изјави дека конкурсот за набавка на цевки и избор на изведувач ќе биде објавен до февруари 2013 година, но сеуште не е јасно дали постапката ќе биде прогласена за изградба на целиот гасовод, или тој ќе биде поделен на делови. Во првата опција е можно изградбата на гасоводот да ја добие меѓународен конзорциум, кој ќе ги користи бугарските фирми како подизведувачи. Ако сепак гасоводот биде поделен на делови, тогаш бугарски компании ќе можат полесно да ги исполнат критериумите и да учествуваат самостојно или преку конзорциум во постапката.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени