Бугарските камионџии повторно блокираа два премина на границата со Турција
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2013
Бугарските возачи на камиони денеска, вторпат оваа недела, блокираа два премина на границата со Турција, протестирајќи поради долгата царинска процедура од турска страна.
На граничниот премин „Капитан Андреево“ е формирана 10 километри долга колона од камиони, а на преминот „Лесово“ колоната е долга пет километри.
Камионџиите тврдат дека турските цариници ги задржуваат поради долги контроли и дополнителни барања, настојувајќи да ги отстранат од пазарот.
- Ќе протестираме се додека ситуацијата не се смени и Турција не почне да ги почитува европските и меѓународните прописи за патен сообраќај и да престане да не малтретира. Сакаме еднаков третман како и останатите превознички компании, изјави Петко Ангелов, сопственик на една компанија за превоз со камиони.