Бујар Османи негативен на првиот тест
Објавено во: Македонија 23 Април, 2020 11:43
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи објави дека е негативен на тестот за корона вирусот, откако од 16 април е во самоизолација. За техничкиот премиер Оливер Спасовски се уште не е познато дали се тестирал до сега.
- По една недела во самоизолација првиот тест за Ковид-19 е негативен. Како што се препораките, останувам во карантин се до резултатот од второто тестирање, објави Османи на Фејсбук.
Тој пред една недела го откажа учевството на состанокот на Советот за безбедност, и истакна дека ќе се повлече во изолација до вторник (21 април) за да направи тестирање на Ковид-19.
Ваквата мерка следуваше откако градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, по средбата со Османи и Спасовски објави дека е позитивен на тестирањето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





