28 Јуни, 2024
0.0301

Бујар Османи: Порано Албанци одеа во ОБСЕ само да пријават насилство, а сега јас сум претседавач

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работ  Бујар Османи, во својот говор во рамките на средбите  „Заедно за Европа“ на ДУИ во Шипковица истакна дека Албанците порано оделе во канцелариите на ОБСЕ само да пријават насилството што се вршело врз нив или некоја полициска неправда.

Денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач на ОБСЕ, рече Османи на трибината.

- Штотуку се вратив од Украина и таму во овие 11 месеци агресија има многу жртви, меѓу кои и жени и деца. Таму рекоа дека ако Украина влезеше порано во НАТО, немаше да се случи овој конфликт и рекоа - колку имаш среќа што Северна Македонија е дел од НАТО. Овде може да се разбере тежината на важноста да се биде во НАТО, благодарение на политиката на Али Ахмети. Албанците одеа во канцелариите на ОБСЕ само за да пријават насилството врз нив, некоја полициска неправда или нешто слично, додека денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач со ОБСЕ, рече Османи во неговиот говор.

 Погледнете каде бевме и каде сме денес, благодарение на политиките на лидерот Али Ахмети, истакна министерот.

- Политичарот кој е референца за визија, успех и политика. Некогаш ни требаше институционална застапеност и денес ја имаме, ни требаа универзитети и денес ги имаме, затоа сега мора да се фокусираме на подобар квалитет и стандард на живеење на секој граѓанин, подвлече Османи.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“