30 Јуни, 2024
0.0278

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

ПОВТОРНО ИМАШЕ НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Силен дожд, ветер и град имаше во Скопје. 

Од Центарот за управување со кризи(ЦУК) информираат дека добиле пријави и известувања за паднати и навалени дрва, како и скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли.

Имало пријави и за поплавени куќи, подрумски простории, гаражи и улици. Во делови од градот имало и проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради.

БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ ПОТСЕТУВААТ НА ОБВРСКАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Бугарија ќе бара заклучоци за Северна Македонија во Брисел. Бугарските власти реагираат затоа што нема уставни измени во земјава со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот. 

„Очекувам Северна Македонија да ги почитува договорите и ќе ги потсетам европските колеги какви обврски беа преземени уште на 18 јули 2022 година кога беше усвоена Преговарачката рамка и какви се Патоказите за прием на земјата во ЕУ“, изјави бугарскиот премиер Димитар Главчев при пристигнувањето на денешниот прв ден од Самитот на ЕУ во Брисел. 

Тој нагласи дека ќе ги информира европските лидери какви се состојбите и што досега беше усвоено во однос на ова прашање. 

МИНИМАЛНО ПОСКАПУВАЊЕ НА СТРУЈАТА

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, денеска официјално објави дека од 1 јули цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за половина процент.

За домаќинствата од прв и втор блок, односно оние кои не навлегуваат во третиот блок, пресметките велат дека нвните трошоци се зголемуваат за 0,4 проценти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Посебниот долг што го има Јавното претпријатие за државни патишта за плаќање пенали кон Кина поради неизградбата на автопатот Кичево - Охрид достигнал 94 милиони евра на крајот на минатата година.

Владо Камбовски е етаблиран доктор на правни, науки, академик, а своевремено и министер за правда. Но овој 76 годишен битолчанец се покажа и како врвен инвеститор во акции. Конкретно, неговите вложувања во акции на „Комерцална банка“ и на ТТК Банка денеска вредат 1,4 милиони евра. 

Додека многу Македонци размислуваат да се иселат од Македонија, Натали Георгиева има поинаква животна приказна. Таа лани се врати во земјава со најблиските. Вели дека работите во Канада се менуваат и тие донеле одлука да се вратат дома, во Македонија.

Бурна реакција имаше министерот за транспорт и врски по извештајот на Државниот завод за ревизија за финансирањето и изградбата на железничка пруга кон соседна Бугарија. Според неговите зборови со изградбата на пругата треба да се срушат куќи низ Крива Паланка, а дополнително, пругата води во тунел, кој нема излез.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗАДОВОЛЕН ОД ПОПИСОТ: Албанија е најпријателската и најгостопримлива земја за Бугарија

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗАДОВОЛЕН ОД ПОПИСОТ: Албанија е најпријателската и најгостопримлива земја за Бугарија

ПЕТРОВСКА СЕ ОТКАЖА ОД ТРКАТА: СДСМ денеска избира нов лидер

ПЕТРОВСКА СЕ ОТКАЖА ОД ТРКАТА: СДСМ денеска избира нов лидер

ПЛАТА ОД 300.000 ДЕНАРИ Е УСЛОВ: Нема кој да ги управува „Ер тракторите“ на ДЗС

ПЛАТА ОД 300.000 ДЕНАРИ Е УСЛОВ: Нема кој да ги управува „Ер тракторите“ на ДЗС

„Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години да не е обвинет и осуден за криминал и корупција“: Хајредини распали по интегративците

„Како е можно ниеден функционер на ДУИ цели 20 години да не е обвинет и осуден за криминал и корупција“: Хајредини распали по интегративците

НЕМА ПРЕДАТОРИ, ИМА ДОВОЛНО ХРАНА И МИРЕН ЖИВОТ: Се зголемува бројот на штркови во Стојаково

НЕМА ПРЕДАТОРИ, ИМА ДОВОЛНО ХРАНА И МИРЕН ЖИВОТ: Се зголемува бројот на штркови во Стојаково

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Загина планинар: Паднал во провалија, со хеликоптер на ЦУК бил пренесен во болница

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати