(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2024
Дожд и град попладнево врнеа во Скопје.
Како што најавија синоптичарите, до крајот на денот ќе има нестабилност низ државата. Вчера во невремето најпогодени беа Скопје, Тетово и Куманово.
Поплавени се куќи, улици, имало пријави и за прекини во електричната енергија, по синоќешното невреме што ги зафати скопскиот, кумановскиот и тетовскиот регион. Невреме имаше и во соседна Србија.