БУЈАР ОСМАНИ: Прво уставни измени, па потоа ќе има Влада
Објавено во: Македонија 05 Април, 2024
Кандидатот за претседател на Европскиот Фронт, Бујар Османи рече дека железната врата на Унијата е отворена, а неопходно е земјата да ги усвои уставните измени што побрзо. Нагласи дека е многу важно земјава што поскоро да влезе во ЕУ.
„Сега е отворена повторно железната врата на Европската Унија со руската агресија во Украина и ќе трае привремено и ќе се затвори повторно. Првата знаци на ЕУ дека таа железна врата е отворена е со почетокот на преговорите за Северна Македонија и Албанија, со Планот за раст којшто вчера го договори Европскиот Парламент за 2 милјарди во наредните месеци за Западен Балкан и 4 милјарди грант“, рече Османи.
Тој се залага за уставни измени, а потоа формирање на Влада.