09 Октомври, 2024
0.1512

Бујар Османи за Нефи Усеини: ДУИ нема никој да заштитува ако го прекршил законот

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции, по последните испади на советникот во општина Охрид, Нефи Усеини, рече дека ДУИ нема никој да заштитува ако се покаже дека истиот го прекршил законот.

Усеини е сопственик на локалот „Луна“, а објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен појас на УНЕСКО. Откако е почната неговата изградба во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата. Усеини уште кога почна да го гради објектот доби решение од Општина Охрид дека има десет дена рок самиот да ги урне конструкцијата и платформата. Освен ова, Усеини неколку пати до сега, како што тврдат од албанските опозициски партии се „однесувал каубојски“ и во меѓувреме имаше испади со физички пресметки.

- Може некој претставник на ДУИ да бил инволвиран, видовме за што се работи. Доколку се започне со неселектоивно рушење на дивоградбите, ќе ни биде чест рушењето да започне од него. Но при тоа да нема селективен пристап, да не се партизира со погрешен пристап. Нема потреба да се партизира и политизира. Секој си носи одговорност за постапките. ДУИ нема никој да заштити што го прекршил законот. Не само во Охрид како најсензитивно подрачје, туку и во цела Македонија, рече Османи.

Додаде дека ДУИ како партија била предлагач на законот за спречување на дивоградбите и дека од таму порачуваат да се започне со нивното неселективно уривање.




Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл