05 Декември, 2025
0.0320

„Бука“:Кради и молчи додека никој не те чепка во БиХ!

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2013 13:08

Добивај вести на Viber

Манипулацијата на политичките партии со исплати на парични средства во приватни цели – плаќање на трошоци за образование на членови и нивните деца, екскурзии, па дури и сметки за електрична енергија, откуп на сопствени книги, лажни сметки за гориво, службени патувања, дневници, нелегални исплати на топли оброци и надоместоци на набљудувачи, се само некои од неправилностите кои се утврдени со ревизорската истрага на извештајот за финансиско работење, пренесува сараевскиот портал Бука кој додава дека даночната управа на Федерацијата БиХ нема намера да го наплати затаениот данок – си ги чуваат сопствените позиции!

Сите спорни извештаи за финансиското работење на политичките партии кај кои се утврдени неправилности кои имаат елементи на кривични дела, како што се корупција, криминал, затајување на данок и други видови на малверзации ќе бидат доставени до Обвинителството на БиХ. Тоа е заклучок на Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ по изрекувањето на најновите санкции поради неправилности утврдени во годишните финансиски и постизборни извештаи кои се однесуваат на 2010 година, т.е. кршење на членови на Законот за финансирање на политичките партии во БиХ, пренесува Бука.

Инаку од ЦИК се незадоволни од однесувањето на Обвинителството на БиХ кое до сега не процесуирало ниту едно лице во политичките партии поради утврдени малверзации во годишните финансиски извештаи, а не се процесуирани ни поединци кои биле одговорни за обиди за изборен инжинеринг на изборите во 2010 година. Од Изборната комисија оценуваат дека нивна обврска е на надлежното Обвинителство само да укажат на неправилностите.

Така, како прв спорен извештај во Обвинителството на БиХ ќе заврши предметот на Хрватската христијанско-демократска унија (ХКДУ) на БиХ. ЦИК на БиХ на оваа партија веќе изрече парична казна од 5.000 КМ поради кршење на Законот за финансирање на политички партии на БиХ, но за тоа што не е надлежен има намера да укаже на Обвинителството на БиХ иако ревизорите откриле низа сериозни елементи на корупција и криминал. Кради и молчи додека никој не те чепка, пишува Бука. „Токму затајувањето на данокот е посебен проблем кој го евидентираа во Службата за ревизија на ЦИК на БиХ. На Даночната управа на Федерацијата БиХ сугерирано е да изврши контрола и од политичките партии да го наплати затаениот данок, но таа тоа не го прави. Во неслужбен разговор од Даночната управа на ФБиХ некои директори дури и соопштија дека не им паѓа ни на ум да влегуваат во политичките партии и да го наплатат данокот, бидејќи така можат да изгубат глава. Однесувањето на Обвинителството на БиХ и Даночната управа на ФБиХ поради тоа се најдобар одговор зошто токму политичките партии во Босна и Херцеговина веќе со години се на прво место по корупција“, обвинува порталот.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии