БУНДЕСБАНК: Можно е Германија да е во рецесија
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2024
Германија се мачи откако руската инвазија на Украина во почетокот на 2022 година ги зголеми трошоците за енергија.
Можно е Германија да е во рецесија бидејќи странската побарувачка е слаба, потрошувачите и понатаму се внимателни, а домашните инвестиции ги кочат високите трошоци за задолжување, се вели во извештајот на германската централна банка, Бундесбанк.
„Сè уште нема закрепнување на германската економија. Во првиот квартал од 2024 година, активноста би можела повторно благо да се намали, а со втор последователен пад на економската активност, германската економија би влегла во техничка рецесија“, објави Бундесбанк во редовниот месечен извештај за најголемата европска економија.
Германија се бори откако руската инвазија на Украина на почетокот на 2022 година ги зголеми трошоците за енергија, а нејзината економија зависна од индустријата сега е во четвртиот квартал по ред со нула или негативен раст, што тежи на целата еврозона, забележува Ројтерс.
Во четвртиот квартал од минатата година, сезонски прилагодениот реален БДП, според првите проценки, е намален за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, откако речиси стагнираше во првите три квартали од 2023 година, соопшти централната банка. Засега слабостите ќе продолжат, предвидуваат тие.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.