20 Декември, 2025
0.0588

Бундестагот ќе гласа во среда за спасувачката програма на Грција

Објавено во: Балкан 15 Август, 2015 12:22

Добивај вести на Viber

Германскиот парламент ќе гласа во средата (19-ти август) дали да ја одобри новата програма за финансиска помош за Грција. Ова го соопшти денеска портпаролот на парламентот, цитиран од ДПА.

Доцна синоќа Еврогрупата даде "зелено светло" за третата спасувачка програма. Министрите за финансии на еврозоната ги донесоа договорените услови  на експертско ниво за доделување на кредити во вредност до 86 милијарди евра, вклучувајќи штедење и реформи на различни нивоа.

При гласањето во Бундестагот со интерес ќе се проследи колку пратеници од конзервативниот блок ќе одбијат да ја поддржат линијата на канцеларот Ангела Меркел. Се очекува нивниот број да се зголеми. Во јули 60 пратеници од ХДЗ / ЦСУ гласаа со "не", кога парламентот решаваше дали да бидат започнати преговорите со Грција.

Новиот помошен пакет за Грција не одговара на реалноста, договорот меѓу Атина и нејзините  кредитори не е веродостојно. Ова го изјави шефот на Минхенскиот економски институт Ifo Ханс-Вернер Зин во интервју за германскиот весник "Билд".

"Договорите се комплицирани за разбирање купишта од многубројни детали и нејасни формулации", коментира Зин.

Во програмата има малку барања кон Атина за намалување на трошоците, а наместо нив се вклучени многу очекувања за тоа како во иднина грчката држава ќе може да си ги собира даноците, иако не успеа да го направи тоа во претходните години, нагласува тој.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација