15 Декември, 2025
0.0386

Бунтовниците во Јемен водат битка за пристаништето Аден

Објавено во: Свет 06 Април, 2015 13:56

Добивај вести на Viber

Заеднички сили на бунтовниците хуси и армиските делови водат борби со цел да ја преземат контролата на морското пристаниште на јеменскиот град Аден, пренесоа агенциите, повикувајќи се на телевизија "Ал Мајадин".

Волонтерите од т.н. Народни комитети, кои го поддржуваат претседателот Абд Рабу Мансур Хади, му отстапиле на противникот голем број позиции во пристанишната дел на градот. Во борбите во Аден - "јужнаѕа престолнина" на Јемен, загинаа петмина мирни жители, а 14 се повредени. Меѓу повредените има деца, прецизираа медицински извори. Валентина Абдел Керим од градската управа ги повика страните во конфликтот да склучат хуманитарно примирје. Ситуацијата во Аден нагло се влоши, предупреди таа. Поради судирите запреа испораките на храна за полуостровот од копното. Во градот започна запирањето на струјата, во централниот дел нема вода. Десетици семејства ги напуштија своите домови во реонот на пристаништето и побараа азил во побезбедни места. Воената авијација на Саудиска Арабија и нејзините сојузници од "арапската коалиција" ги продолжуваат воздушните напади против Сана, во северни и западни региони. Во изминатото деноноќие се нанесени најмалку 20 ударот по копнените цели во Јемен. Саудиската артилерија напаѓа гранични реони во провинциите Хаџ и Саад. Истовремено Парламентот на Пакистан започна дебата по барањето на Саудиска Арабија за воена помош во Јемен, пренесоа агенциите. Тоа, според агенцијата, го судира пакистанскиот премиер Наваз Шариф, кој е пријател и сојузник на Ријад, со широки јавни кругови во Пакистан, меѓу кои се шират антивоени расположенија заради бројните воени ангажмани на земјата.

Саудиска Арабија, која е главната сунитско-муслиманска сила во регионот на Персискиот залив, повика Пакистан да се приклучи кон предводената од неа коалиција, која минатиот месец почна да нанесува воздушни напади против шиитските бунтовници хуси во Јемен. Пакистанскиот премиер повеќепати изјавувал дека ќе ја заштити Саудиска Арабија против секоја закана за нејзиниот "територијален интегритет", без да прецизира какви одмазднички акции од страна на Пакистан може да предизвикаат слична закана.

Шариф им е многу должен на Саудијците. Систематското прикривање на даночните обврски во Пакистан значи дека земјата има потреба од постојани инјекции на пари од странство, за да избегнат економски колапс. Минатата година Ријад даде на Пакистан 1,5 милијарди долари. Но пристапувањето кон саудиската коалиција може да ги разгори меѓурелигиските конфликт во Пакистан, каде има и значително шиитско малцинство - околу една петтина од населението, и каде крвавите дејствија над шиитите се зголемуваат. Ова наголемо ја дестабилизира 180-милионската држава. Една пакистанска интервенција во Јемен на земјата на Ријад најверојатно ќе предизвика силно незадоволство на шиитски Иран. Двете земји имаат долга и слаба контролирана граница во област со различни сепаратистички локални бунтовнички струи. Оваа недела се очекува деликатна посета на иранскиот министер за надворешни работи во Пакистан. Голем дел од силите на пакистанската армија, освен тоа, се ангажирани во границите со високиот непријател - Индија, и со Авганистан, со кого Исламабад исто така е во сложени односи. Друг сериозен ангажман на пакистанската армија се и контратерористичните операции против различните екстремистички групи во земјата.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев