БУРЕК, ТОСТ ИЛИ НЕШТО ТРЕТО: Колку пари одвојува работникот за оброци додека е на работа?
Објавено во: Економија 26 Август, 2025 09:45
Анкетиравме повеќе млади и вработени луѓе и тие велат дека дневно трошат од 150 до 200 денари за оброци додека се на работа. Некои објаснуваат дека таа сума е мала ако работникот работи физичка работа, троши повеќе енерија и ќе потроши повеќе пари за храна. Според овие тврдења работниците месечно одвојуваат околу 4.000 денари за храна додека се на работа.
„Дневно трошам од 150 до 200 денари. Купувам тостови, кифли, јогурт. Ние немаме навика да се храниме поинаку, скоро сите што сум ги видела се хранат на тој начин“, рече младата Анастасија П.
Работниците велат дека ретко се случува да си понесат од дома нешто за јадење, со што би поминале поевтино.
„До 200 денари е тој трошок за мене. Купувам кифли, ама и да сакам да купам чиа пудинг или нешто поздраво, и тоа е 170 денари. Некој може и од дома нешто да си носи, зависи, ако не го мрзи да подготви. Ама генерално, ретко кој ја има таа навика“, додава Николина Б.
Работниците велат дека се хранат нездраво и често посегнуваат по брза храна.
„Мислам дека 250 денари се доволни дневно за работникот за јадење. Ако јаде кифла и јогурт ќе помине поевтино, но ако сака нешто поскапо, ќе потроши 200 или 250 денари“, додава друга жена.
Од пекарниците велат дека работниците често земаат бурек и јогурт за појадок.
„Бурекот и јогуртот чинат 105 денари и тоа најчесто го купуваат наутро за појадок. Ако земат едно ѓеврече и јогуртче, тоа ќе ги чини 50 денари. Ако наутро јадат бурек и јогурт, а потоа во текот на денот ако купат уште една кифла, значи ќе потрошат 150 денари“, велат од скопска пекарница.
Од бурекџилница во Кавадарци додаваат дека мажите кои работат тешка физичка работа обично купуваат по две печива, четврт бурек и плус осминка со јогурт или две поголеми кифли за да бидат сити цел ден. Работниците обично оставаат по 150 денари во бурекџилница или пекарница за појадок.
„Тоа е индивидуално, но најпопуларно е да земат бурек и јогурт за појадок. Може некој да помине со чорба од 200 денари, а може и со 400 денари во хотелите. Тие се цените во цела Македонија, па и во Охрид“, додаваат од охридска пекарница.
Ако на трошокот за храна се додадат и трошоците за превоз кои дел од работниците ги имаат, значителен дел од платата се одлева. Ако работникот патува до соседен град за да стигне на работа, за храна и превоз може да потроши околу 10.000 денари од своите примања. За да бидат поекономични, работниците можат да земат месечен билет, но ако тоа не го сторат, трошокот е поголем.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





