15 Декември, 2025
0.0582

БУРНИ РЕАКЦИИ ПО ИЗЈАВАТА НА РАБОТНИК ВО ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА - ни Германија не е тоа што беше, 18 илјади денари не се многу, ама има за скромен живот

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2022 14:32

Добивај вести на Viber

Бурни реакции во јавноста предизвика изјавата на еден работник, повратник од Германија, кој при посетата на премиерот Димитар Ковачевски на неговата фабрика, кажа доста пофални зборови за зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари. 

Односно, најголемата „бура“ во јавноста се крена околу изјавата на овој работник дека ниту Германија не е повеќе тоа што била, а дека нему можеби ќе му биде подобро тука со 18 илјади денари, отколку во туѓина со повеќе пари.

Инаку, станува збор за Полику Авдиу, кој 18 години живеел во Германија, по што се вратил и тука го нашол своето работнмо место. 

Во својот говор кој следуваше после обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски и другите официјални лица од текстилната фабрика „Текстил солушн“, Авдиу им посака успешна работа на сите, и на министерката за труд и социјала Јована Тренчевска.

Тој во компанијата „Текстил солушн“ работи осум години како шивач. Неговата исповед беше дека тоа го работел и во Германија претходно, но од таму се вратил за да живее и работи дома. Споредбата што тој ја направил говори дека и во земјава, како што рече, условите за работа постојано се подобруваат, како во однос на унапредување на технологијата на машините, така и во насока на зголемување на платата, со што се подобрува куповната моќ и стандардот за живеење.

„Сега 18.000 денари мислам дека не е многу, ама за еден скромен живот ќе се онади. Мислам дека и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе, директорите ни носат нови и нови машини и продуктивноста ќе расте“, рече Авдиу.

Инаку, компанијата „Текстил Солушн“ се занимава со производство на специјален тип на заштитна облека, наменет исклучиво за извоз на европскиот пазар, и има вкупно 80 вработени, од кои дел земаат минимална плата.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети