„ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСАТ И НЕШТО ПОЗИТИВНО“: Џејми Димон од Давос
Објавено во: Економија 22 Јануари, 2025
Првиот човек на „JPMorgan Chase“, Џејми Димон денеска изјави дека новите царини за трговските партнери што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп може да донесат нешто позитивно.
И покрај загриженоста дека тарифите би можеле да предизвикаат глобална трговска војна и повторно да ја разгорат инфлацијата во земјата, лидерот на најголемата американска банка по имот истакна дека тарифите, доколку се користат правилно, можат да ги заштитат американските интереси и да ги вратат партнерите со подобри зделки за САД.
„Ако тоа води до мала инфлација, но е добро за националната безбедност, нека биде така и преболете го“, изјави Димон за CNBC на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Тој не навлегува во детали за плановите на Трамп, но рече дека зависи од тоа како ќе се спроведат обврските.
„Тарифите се економско средство, економско оружје, во зависност од тоа како и зошто ги користите“, рече извршниот директор на најголемата американска банка.
Откако ја презеде функцијата во понеделникот, Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни царини за Мексико и Канада, кои во вторникот ги прошири на Кина и на Европската унија.
Трамп посочи дека новите царини би можеле да стапат на сила од 1 февруари.
Американскиот претседател рече дека Европската унија се однесува кон САД „многу, многу лошо“ поради големиот годишен трговски суфицит. CNBC забележува дека САД имале дефицит од 214 милијарди долари (околу 205 милијарди евра) со ЕУ минатата година до ноември 2024 година.
За Кина и Мексико се најавени царини од 10 отсто, а за Канада и Мексико 25 отсто.
фото: EPA