20 Декември, 2025
0.0399

Царовска: Ако треба ќе одам уште 200 пати во Тимјаник за да им објаснам на селаните

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2018 15:20

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика,  Мила Царовска на заедничкиот брифинг со претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, денеска порача дека ќе биде упорна за да ја добие согласноста на селаните во селото Тимјаник за случајот со децата со посебни потреби. 

Според министерката, оваа средба со жителите од Тимјаник била јавна за да можат сите да видат и за да не излезе потоа дека никој не ги прашал жителите дали во нивната општина може да се основа таква установа.

„Ако треба ќе одам уште 200 пати во Тимјаник за да им објаснам на селаните дека основањето на мал групен дом во кој ќе бидат сместени 3 деца со посебни потреби, е добро за целата општина, и се надевам дека на крајот ќе ја добијам нивната согласност. За да нема повеќе вакви реакции, потребна е едукација на населението“- вели  Царовска.

За понудите на другите општини, таа изјави дека им е благодарна но дека овој дом е предвиден во Тимјаник, но дека нема да бидат заобиколени ни другите општини, односно, планот е вакви мали групни домови да има во секоја општина во Македонија за да може да се спроведе планот за деинституционализација.

Царовска рече дека за надминување на вакви ситуации не се доволни само кампањи и дејствувања на граѓански организации, туку е неопходно интервенирање преку образовниот процес, уште од најраната предшколска возраст.

Министерката најави дека до крајот на годинава најмалку пет деца треба да излезат од Домот во Демир Капија каде се сместени околу 200 лица, а од Домот „25 Мај“ сите 25 ќе излезат наеднаш до крајот на овој месец.

Вакви групни домови веќе функционираат во неколку општини, меѓу кои во Неготино, Кавадарци, Берово.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки