Почитувани министерки: Има и други добри и одговорни компании
Објавено во: Македонија 19 Март, 2020 15:23
Вицепремиерката Мила Царовска и се заблагодари на Комерцијална банка, јавно, затоа што предвреме ги платила аконтациите за данок на добивка за 2020 година. Тоа по неа, на фејсбук го стори и министерката за финансии Нина Ангеловска.
„Со ваква одлука Комерцијална банка АД Скопје придонесува за поголема ликвидност државата и нејзиниот буџет коишто се целосно ставени во функција на справување со коронавирусот и поддршка на приватниот сектор“, се вели во соопштението од кај вицепремиерката Царовска
А Ангеловска сподели аплаузи.
„Ова е солидарноста за која зборуваме. Ги повикувам сите кои се во можност да го следат овој светол пример. Сите кои имаат добивки, со авансното плаќање на даноците и помагаат на државата и на целото стопанство и граѓаните кои се соочуваат со проблеми, напиша Ангеловска.
Факт е дека потегот на Комерцијална банка авансно да уплати 120 милиони денари по основ на аконтативен данок на добивка е чекор за поздравување и треба да го следат сите компании кои имаат во изминатите години солидни приходи и значајни добивки.
Во таа група се секако банките кои во оваа криза можеби ќе бидат погодени, ама не колку секторот туризам и угостителство на пример. Меѓутоа во оваа фаза, пофалба заслужуваат и другите компании кои и покрај тоа што се соочуваат со намалена активност, со тотална непродуктивност и кои немаат ни денар приходи одлучиле да помогнат. Во таа група се и малите конфекции кои прават маски за беспари, но и поголемите фирми кои одлучија да донираат без да очекуваат нешто за возврат.
Повеќето банки се откажаа од надоместоците за он лајн банкарство за физички и правни лица, а компании со директни донации му помагаат на јавното здравство, како Макпетрол и Жито лукс денеска на пример ( имаше и други примери минатите денови).
Клиничката болница Аџибадем Систина ги стави на располагање сите респиратори, а и мобилните болници, плус дополнително и капацитети од хотели.
Затоа не е во ред да се потенцира само една компанија. Не е време за селективност и барем во оваа ситуација да не гледаме кои се поголеми и кои ни се блиски. Сите се за пофалба. Зошто некои имаат посебен третман? Дури вреден и за соопштенија.
А.Т.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





