Цел ручек за 210 денари, 3 топки сладолед за 1 евро: Ова место во Црна Гора е рекордер по ниски цени сезонава!
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2022 08:46
Целосен појадок за 1,5 евро, ручек за 3,5! Да, добро прочитавте. Сутоморе, Бар. Местото кое со години важеше за едно од најприфатливите на црногорското приморје, не ги изневери туристите кога се во прашање цените.
На интернет се појави видео со цени од ова место, кои реално гледано се повеќе од поволни. На пример, во ресторан килограм скара се нуди за околу 526 денари, цело печено пилешко за 315 денари, а 8 ќебапи чинат само 150 денари.
Три топки сладолед чинат 1 евро во Сутоморе годинава, додека сите го критикуваат црногорското крајбрежје за „претерани цени“.
Погледнете повеќе цени од Сутоморе во видеото подолу:
фото: Printscreen Youtube
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




