ЦЕЛО СЕЛО ДОБИ НА ЛОТО - Мештани од Белгија се обединија и освоија 143 милиони евра
Објавено во: Свет 09 Декември, 2022
Група од 165 луѓе од едно село во Белгија освоиле околу 143 милиони евра на лотаријата „Еуромилионс“.
Жителите на Олмен, во близина на Антверпен, се согласија сите да инвестираат иста сума и да купат билети во локалниот киоск.
Секој од нив освоил по 868.000 евра, соопшти Националната лотарија на Белгија, објавува „Еуроњуз“.
На ждрепката што се одржа во вторник имаше повеќе од 27 милиони влезници.
Конечниот џекпот беше 142.897.764 евра, според EuroMillions.
Групната добивка не е невообичаена во Белгија, а ова е најголемиот број на луѓе кои заедно освоиле џекпот, изјави Џок Вермор, портпаролка на Националната лотарија.
Во средата Вермор беше на киоскот каде што беше купен билетот кога некои од добитниците ја слушнаа веста.
Нивните реакции беа различни - од целосна смиреност до еуфорија, рече таа.
Таа ја опиша победата како „најдобриот божиќен подарок досега“.
Сопственикот на киоскот, кој неколкупати организирал слично групно учество, изјави за Белгиското радио дека ја повторил веста „пет до шест пати“, бидејќи учесниците не можеле да веруваат дека ја добиле наградата.
Имињата на победниците не се објавени.
Не е најголемиот џекпот на оваа лотарија – еден учесник од Велика Британија во јули освоил 226 милиони евра.
Британска двојка од Глостер освои 213 милиони евра неколку месеци претходно.
EuroMillions се организира во девет европски земји: Белгија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Ирска, Австрија, Швајцарија и Луксембург.
Добитната комбинација во вторникот беше 12, 20, 25, 26 и 27, со среќните броеви осум и 12.
The more the merrier?
— Rappler (@rapplerdotcom) December 9, 2022
Christmas came early for 165 people from the small northern Belgian village of Olmen who won 142,897,164 euros (150.81 million) in the EuroMillions lottery this week, the biggest group win ever in Belgium. https://t.co/21I1i0DBD9 pic.twitter.com/bWtDTYbWTJ