Цело село живее од производство на јагоди
Објавено во: Агробизнис 11 Јуни, 2019 19:17
Душаново, село во околината на српскиот град Лесковац е специфично по тоа што целото село живее од производство на јагоди, односно во секоја куќа тоа е семеен бизнис.
Семејствата со децении садат јагоди, пишува српски Телеграф.
Селото има 287 хектари обработливо земјиште, од кои 45 хектари се под јагоди.
30 хектари се засадени со вишни и 15 хектари со сливи.
Се нуди квалитетен род на потрошувачите, а повеќето производители се задоволни со откупната цена.
Можеби ќе ве интересира
Наместо сливи и кајсии, тој избра лаванда и направи хит ликер
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




