Целосно изгоре стан во Скопје, причина најверојатно е греалка
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2016
Во стан на булевар Кочо Рацин во Скопје, утрово околу 5.30 часот избувнал пожар.
Во него како потстанари живееле М.А. (24) и Н.Т., а пожарот најверојатно настанал од вклучена греалка, при што станот целосно изгорел. Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала огнот.
М.А. и Н.Т се пренесени во Ургентен центар Скопје поради труење со чад.