05 Декември, 2025
0.0453

Целосно нова инфраструктура во Реонски центар во општина Аеродром

Објавено во: Македонија 16 Август, 2013 12:33

Добивај вести на Viber

Населбата Реонски центар  во општина Аеродром до почетокот на следната година ќе добие целосно нова  инфраструктура. Со 70 милиони денари од општинската каса, ќе се поврзат сите објекти во населбата, ќе се изградат нови улици со тротоари во должина од 1,5 километри и околу 1.000 паркинг места и ќе се обезбеди уште еден излез на булеварот „Видое Смилевски - Бато“.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески  и градоначалникот на Општина Аеродором по денешната посета на  локацијата каде стартуваа градежните работи истакнаа дека новата инфраструктура значително ќе го подобри животот на станарите од населбата.

- Пред неколку години тука немаше никаква градба, беше мочурливо земјиште. Пристапивме кон изградба на детален урбанистички план, тука се изградија станови за млади брачни парови, кои беа доделени по електронски пат. Како  Министерство за транспорт и врски во соработка со општината продадовме неколку локации за изградба на станбени објекти со деловен простор и  ова е последен чекор за целосно завршување на овој кварт во Аеродром. Тоа беше едно од главните барања на станарите за подобрување на инфраструктурата и за дополнителен пристап на булеварот „Видео Смилевски Бато“, изјави Јанакиески.

Со реализација на овој проект, според градоначалникот Коневски, жителите на Реонски центар ќе ја добијат потребаната инфраструктура. Истовремено ќе биде  решен проблемот со сообраќајните гужви заради едниот излез што го имаат од оваа  населба. Сега ќе добијат уште еден излез на булеварот, рече Конески.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите