23 Јуни, 2024
0.0263

ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ: Обвинувањата против нас се невистинити, ќе покренеме правна постапка во интерес на вистината

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Цементарница УСЈЕ АД Скопје целосно ги отфрла неоснованите обвинувања, чија цел е дефокусирање на јавноста. За жал ваквиот однос не води кон решавање на отворените прашања, пишуваат од компанијата во својата објава до медиумите.

„Во интерес на точно и вистинито информирање уште еднаш повторуваме дека при вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3.и 4. јануари 2023 година, во присуство на инспектори од Град Скопје, потврдено е дека емисиите од производниот процес во Цементарница УСЈЕ се пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во Цементарница УСЈЕ се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди, а производството автоматски запира доколку филтрите не работат.

Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребуваше мазут што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната Еколошка дозвола. При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Оттука, неосновано е врз основа на еден параметар, каде што беа утврдени повисоки вредности да се носи заклучок дека компанијата е виновна за состојбите со загадувањето. Во тек е постапка со надлежната институција, во чии рамки ќе се разгледаат сите релевантни аспекти.

Во меѓувреме компанијата веднаш ги имплементираше препораките на инспекторатот и направи замена на енергенсот со природен гас. За разлика од УСЈЕ, многу јавни објекти во градот продолжуваат да користат мазут за загревање, а јавноста не е информирана дали на овие објекти се вршат какви било мерења“, се вели во дописот кој го испрати УСЈЕ.

Покрај тоа, како што велат од компанијата, мерењата направени на 3. и 4. јануари 2023 во кругот на Цементарница УСЈЕ, уште еднаш потврдиле дека нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот.

Велат дека резултатите од мерењата на сите емисиони точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница УСЈЕ е дури и помала од други мерни места во градот Скопје и во другите градови во земјата.

„Целосна невистина е дека УСЈЕ со својата работа и претходно влијаел на загадувањето во главниот град. Тоа го потврдуваат сите наши извештаи кои се доставувани до институциите, како и независните мерења од  акредитирани лаборатории.

Со оглед на фактот дека во јавноста се изнесуваат обвинувања и констатации кои не се поткрепени со факти или со научни докази, а во насока на заштита на вистината, ние ќе покренеме соодветна правна постапка пред надлежните органи“, се вели во писмениот допис од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство