22 Октомври, 2024
0.0308

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Ристе Илијовски, вереникот на Мартина Наумовска(29) која вчера загина во сообраќајната несреќа во Грција, на автопатот Егнатиа кон Солун на својот Инстаграм профил со потресни зброви се прости од својата понежна половина во име на неговата и сватовската фамилија.

Мартина почина вчера во сообраќајна несреќа на пат кон Солун. Во сообраќајката таа беше единствената почината, додека од останатите три нејзини сопатнички и сограѓанки од Битола, две се во тешка состојба а една е со полесни повреди.

-Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини, пријатели, душегрижници, зависници и душмани дека на вчерашен ден во тешка сообраќајна несреќа од страна на грчки душмани животот го одзеде на нашата најчиста душа, мојата вереница, мојата душа и човек со најголеми човечки особини кој денешно време никој ги нема, Мартина.

Нема зборови со кои можам да ви опишам која карпа од човек е ова чупе, чекаме да се разбудиме од овој сон, не остави сите кога најмалку требаше, Господ ни го зеде ангелот кој со пари не се купуваше а повеќе не припаѓа на овој свет.

Им посакувам опоравување на другите три девојки од кои две се во тешка состајба, а за оној кој несовесно ја постигна оваа трагедија и го уби нашето чупе да заврши онаму каде што припаѓа.

Мартина, ти си нешто што со зборови не се опишува, нема збор во нашиот речник со кој можам да те опишам, храбра а толку мека, не бараше ништо освен љубов и внимание, најубава мистерија која некогаш постоела на овој свет, sвезда која ќе сјае на небото, ангел кој ќе сјае во рајот!

Почивај во мир душо моја најсакана! Со почит Фамилија Наумовски и Илијовски, објави Ристе.

Во болницата во Верија со полесни повреди е пренесен и 74-годишен маж, возач на вториот автомобил во несреќата.

Според грчките медиуми, сообраќајката се случила на пет километри по излезот Нисели во правец на Солун кога се судриле две возила. За извлекување на девојките од првото возило била потребна помош од пожарникари кои ги пресеклe вратите за да можат да ги извлечат.

Сообраќајот бил во прекин додека повредените со возило на Брза помош биле превезувани во болница и возилата биле преместени покрај патот.


Можеби ќе ве интересира

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ