МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВО ПОРТОКАЛОВО: времето и во текот на продолжениот викенд многу топло и спарно
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2024 06:15
Рекордни температури се измерени вчера во Македонија. Согласно синоптичарите, максималната температура се искачила на 41 степен во Демир Капија, каде било и најтопло.
- Денес во Македонија имаме навистина екстремно високи температури, а таквите температури ќе се задржат и во следните денови. Најтопло попладнево е во Демир Капија каде температурата достигна дури до 41 степен, а во Скопје температурата се искачи до 37 степени. Времето е многу мачно и спарно, и тоа поради присуството на Сахарската прашина и песок во воздухот - напиша метеопрогнозерот Славчо Попоски на неговиот Фејсбук профил.
Тој објави и фотографија од официјални мерења за регионот:Ниту денеска не се очекува намалување на температурите. Како што најави УХМР земајта е во портокалова фаза и температурите нема да попуштат до крајот на неделата.
Еве каква е најавата според УХМР.
- Претежно сончево со мала локална облачност и многу топло со слаб до умерен северен ветер. УВ зраците ќе бидат 9. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец - објави УХМР.
Еве какво време се очекува следните три дена.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




