ХЕРОЈСКИ ПОТЕГ НА МАКЕДОНЕЦ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: спасил давеник од Франција

Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2024 19:43
Македонецот Милош од Скопје, благодарение на брзата реакција успеа да спаси давеник од водите во Грција.
Како што објави „Вечер“, во текот на вчерашниот дена во Грција, нашиот државјанин спаси французин кој се давел во морето на една од плажите на острвот Крф.
Станувало збор за повозрасен граѓанин, отприлика 80 годишен кој штом влегол во морето, по кратко време почнал да се дави, но за среќа го забележа скопјанецот Милош, кој со семејството се наоѓаше на плажата.
- Со син ми и сопругата одмаравме на плажа. Имаше и други туристи, претежно Англичани. Во еден момент моето 9 годишно синче почна да вика дека некој дедо се дави во морето. Не размислував ниту момент. Скокнав во морето и допливав до човекот кој веќе беше полусвесен.
Го фатив силно под пазувите и пливав со него до обалата. Беше омалаксан, тежок и не зборуваше ништо. Успеав да го довлечам до обала, го легнав на плажата , а тој не мрдаше воопшто, вели за весникот Вечер, 33 годишниот Милош од Скопје кој со семејството е на одмор на острвот Крф.
Милош во разговорот истакнал дека дедото бил на плажа сам со сопругата која веднаш притрчала видно исплашена и немоќно гледала што се случува.
- Јас и мојата сопруга му укажавме прва помош, се освести, а во меѓувреме неговата сопруга се јави на некого на телефон, дојде едно возило и го однесоа. Жената не знаеше англиски и само ни викаше “ мерси, мерси…” вели Милош и додава дека го зачудил односот на другите луѓе на плажата кои со прст не мрднале „а човек пред очи ќе им се удавеше. Но, се е добро, кога добро ќе се заврши“, вели скопјанецот Милош.
Можеби ќе ве интересира
А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

„НЕ Е ПРАШАЊЕ ДАЛИ ВУЧИЌ ЌЕ ПАДНЕ, ТУКУ КОГА И НА КОЈ НАЧИН“: Ризикот од немири е голем, оценка на професор од Белград

ПЛЕНКОВИЌ Е ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕТО: Имал абнормални отчукувања на виталниот орган

СТИГНА ИТЕН АПЕЛ ОД „СТУДЕНТИТЕ ВО БЛОКАДА“ ПРЕД НАЈМАСОВНИОТ ПРОТЕСТ: „Не ја доведувајте во прашање нашата борба со непромислени потези“

ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО БЕЛГРАД, СТУДЕНТИТЕ ОД ЦЕЛА СРБИЈА СЕ ТАМУ: Денеска е најмасовниот протест од кој стравува Вучиќ

ВУЧИЌ: Не ни паѓа на памет да воведеме вонредна состојба

(ВИДЕО) НАЈДЕНИ СЕ МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ И ОРУЖЈЕ: Во Србија полицијата уапси луѓе кои планирале државен удар

(ВИДЕО) ЗУРЛИ И ТАПАНИ: Пуштен е во употреба големиот тунел кој ќе овозможи од Дебар до Тирана да се стигне за еден час

РОДЕНИ СЕ ВО СТРАНСТВО: Јавниот обвинител од Брчко откри детали за децата најдени во куќа во градот
