19 Декември, 2025
0.0574

Цената на електрична енергија се намалува за оние што помалку трошат, поскапува за оние што не штедат

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2023 12:46

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика ги објави прифатените трошоци според кои се формира цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на вчерашната подготвителна седница. Истите треба официјално да се објават во текот на оваа недела, но веќе е прикажано дека цената која ќе ја наплаќа универзалниот снабдувач ќе поевтини само за првите два тарифни блокови кој имаат лимит до потрошени 210, односно до 630 киловатчасови, додека ќе поскапи за останатите два блока.

Цената во првиот блок од 4,7257 денари се намалува на 4,2609 денари, а во вториот од 5,1578 се снижува на 4,8936 денари. Третиот блок од 6,0563, поскапува на 6,3345 денари, додека цената на четвртиот блок се зголемува од 16,1336 на 16,6453 денари.

Ова според РКЕ ја прави просечната цена на ЕВН Хоме од 1 јули да изнесува а 4,3268 денари по киловатчас, што е нешто поевтино од вкалкулираниот просек од  4,4046 денари одреден пред половина година. Ќе има и мало зголемување на цената за малите потрошувачи, односно за фирмите.

Според она што може да се види од другите релевантни пресметки, цената на мрежарината за Електродистрибуција минимално се зголемува, додека значително ќе се намали трошокот за пренос на електрична енергија. Останува да се види како ќе се вкалкулираат сите овие одобрувања во конечната цена во сметките.

Она што е јасно е дека нема да има враќање на евтината попладневна тарифа, иако претходно се најавуваше такво нешто, а од друга страна ќе има зголемување на ДДВ-то на самите фактури од 10 на 18 отсто.

- Во декември кога носевме одлуки, намаливме цена за домаќинства, намаливме цени за мали потрошувачи. Тука зборувам без ДДВ. Ќе има одредено намалување, но не можеме да влијаеме на промената на ДДВ-то, гласи последната изјава на МАрко Бислимовски, претседателот на РКЕ, вчера во Аргумент плус на Телевизија 24.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?