ЦЕНАТА НА НАФТАТА РЕКОРДНО НИСКА: Кој од тоа профитира, а кој губи?!
Објавено во: Анализа, Мои пари 30 Октомври, 2014
FXLider, на читателите „Фактор“, им доделува 50 евра наменети за тргување со цената на нафтата на светската берза, единствената берза на која инвеститорите можат да заработат и на растот и на падот на цената. Земете 50 евра за тргување овде.Кина е втор по големина увозник на нафта . Според податоците од 2013 година со секој пад на цената од $1, годишно се штедат $2.1 милијарди. Доколку овој пад се задржи, увозното салдо ќе биде помало $60 милијарди или 3%. „Кога е во прашање САД, ниската цена има двојно влијание. САД истовремено е најголемиот произведувач, но и најголемиот потрошувач на нафта. Аналитичарите во Goldman Sachs сметаат дека пониските цени и помалите камати можат да го зголемат БДП на овие држави во 2015 година за околу 0.1%. Сепак, вадењето на нафта од нафтените пронаоѓалишта, кои Америка во последно време ги форсира, е скапо, така да доколку овој опаѓачки тренд продолжи, САД ќе го намали своето производство. Според аналитичарите од Barcley, пад на цената од 20% го намалува профитот на американските произведувачи за 20%. Според сегашните технологии и моменталното ниво на цената, само четири петини од залихите на нафтените пронаоѓалишта би можеле да се искористат профитабилно. Колку брзо ќе опадне производството поради ниската цена не е лесно да се одреди бидејќи производствените трошоци помеѓу произведувачите варираат“, вели м-р Никола Димков од FXLider. И додека потрошувачите добиваат, најголемите светски произведувачи на нафта губат со вака ниските цени. Саудиска Арабија како најголем произведувач во ОПЕК, сигурно е помеѓу губитниците. Меѓутоа на долги патеки, периодот на ниски цени може да има позитивно влијание врз позиционираноста на овие земји на глобалниот пазар за нафта. Се поскапото производство во овој период би можело да отстрани од пазарот голем број произведувачи. За разлика од многу други произведувачи, Саудиска Арабија може да ја издржи оваа цена. Иако јавната потрошувачка порасна во последиве години, девизната актива покажа уште поголем раст. Во текот на август нето девизната актива достигна $737 милијарди што значи дека Саудиска Арабија би можела сама себе да се финансира со децении, дури и со уште пониска цена на нафтата. Многу нешта се во прилог на моментално ниската цена на нафтата. Според прогнозите на Goldman Sachs цената би можела да се спушти и до $70 по барел пред повторно да почне да расте. Дали тоа навистина ќе се случи ни останува да видиме. FXLider има ексклузивна соработка со Fortrade Limited авторизирана компанија и регулирана од UK стандарди од страна на FCA (Financial Conduct Authority) под лиценца број 6099770. Покрај долунаведеното одрекување од одговорност, овој материјал не претставува понуда, или барање за извршување на трансакција на било кој финансиски инструмент. Fortrade не прифаќа никаква одговорност за било каква употреба која може да биде зачинета од овој коментар или за последиците кои произлегуваат од него. Не се даваат никакви изјави за точност и компетентност на информации. Како резултат на тоа секое лице пристапува во смисла на целосно сопствен ризик. Секое обезбедено истражување, не земајќи ги предвид специфичните инвестициски цели, финансиски ситуации и потребите на одредени личности која може да ги прими. Ова не е составено во корелација со законските барања, осмислено е да промовира независно инвестициско истражување, како такво.