Цените на акциите на Wall Street пораснаа
Објавено во: Економија 09 Јули, 2013 15:16
Цените на акциите на Wall Street пораснаа во понеделникот со оглед дека инвеститорите се надеваат на добри квартални резултати на компаниите, кои дополнително ги ублажија стравувањата од последиците од намалувањето на поттикнувачките мерки на федерацијата.
Доброто расположение на берзата владее од петокот, кога инвеститорите ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци од американскиот пазар на труд.
Ова од една страна навестува дека американската централна банка би можела веќе во септември да започне да ги намалува поттикнувачките монетарни мерки , но од друга страна забрзувањето на растот на економијата значи дека монетарните поттикнувања во иднина нема да бидат ниту потребни.
„Во моментот нема причина за продажба на акциите. Силниот пазар на труд и надежите во добра сезона на квартални деловни резултати на компаниите им дава одредена безбедност на инвеститорите“, вели Бики Хелвиг, потпретседател на фондот BB&T Wealth Management. Сезоната на објава на деловни резултати на компаниите за вториот квартал започна вчера со извештајот на „Alcoe“ по затворањето на берзата.
Исклучувајќи ги трошоците на реконструктуирање, најголемиот американски производител на алуминиум во изминатиот квартал оствари добивка од 76 милиони долари, или 7 центи по акција, додека аналитичарите очекуваа 6 центи. Приходите на компанијата паднаа, пак, за 2 отсто, на 5,85 милијарди долари, но сепак се над очекувањата.
Во редовното тргување акцијата на „Alcoe“ порасна за 1,4 отсто, за да по објавувањето на резултатите падне за 0,6 отсто.
Ниту од другите компании не се очекуваат импресивни резултати. Во анкетата на Thomson Reuters аналитичарите проценуваат дека компаниите од составот на S&P 500 индексот во второто тромесечје оствариле раст на добивката за 2,9 отсто во однос на истиот период лани, што е помалку од 5,4 процентниот раст во првиот квартал.
Приходите на компаниите, според очекувањата, би требало да се зголемат за 1,5 отсто на годишно ниво.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




