28 Ноември, 2024
0.0290

ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ ОВАА ЗИМА ПОВТОРНО БИ МОЖЕЛЕ ДА РАСТАТ - еве кои се двата клучни фактори на кои не може да се влијае

Објавено во: Економија 03 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Цените на енергијата би можеле повторно да пораснат оваа зима, предупреди денеска шефот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Фатих Бирол.

- Доколку се реализира сценарио во кое кинеската економија е многу силна и купува многу енергија на пазарот и во исто време е силна зимата, можно е да се зголемат цените на енергенсите, што дополнително ќе ги оптоварува потрошувачите, изјави Бирол во интервју за BBC Today.

Тој рече дека владите треба да штедат енергија и да поттикнуваат добивање енергија од обновливи извори.

Бирол додаде дека многу европски влади направиле „стратешки грешки“, вклучително и преголема зависност од Русија и дека надворешната политика е „заслепена“ со краткорочни деловни одлуки.

Бирол: Многу европски влади направија стратешки грешки

Тој се осврна и на климатските цели на светските влади, нагласувајќи ја важноста од намалување на потрошувачката на енергенси, за да не се зголемува цената на енергенсите.

- Доколку светот е сериозен во борбата против последиците од климатските промени, ќе мораме значително да ја намалиме потрошувачката на нафта и гас во наредните години, посочи Бирол.

Според него, доколку се намали потрошувачката, постојните наоѓалишта на нафта и гас ќе бидат доволни за да се задоволи побарувачката за овие извори на енергија.

(Танјуг)

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво