Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски, тврди Рашковски за ТВ 24
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Март, 2021
Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле пониски, тврди за ТВ24 секретарот во премиерскиот кабинет Драги Рашковски.
Вели дека отишол таму на одмор со семејството бидејќи е многу евтино. Тајмингот за одмор му бил случајно избран, месеци претходно.
„Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш пониски. Проверете на „Букинг“. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра“, изјави Рашковски.
Вчера новинари го прашаа Заев дали Рашковски е во земјава, по што тој рече дека ќе провери и ќе соопши.И вицепремиерот Љупчо Николовски бил на одмор, но од неговиот кабинет не дадоа детали каде одморал.
Во светски рамки, Мексико е 13-та земја по бројот на случаи на коронавирусот. Досега во Мексико од вирусот починаа скоро 200.000 луѓе. Последните податоци покажуваат дека во земјата има нови 175 починати.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.