17 Декември, 2025
0.0793

Цените на недвижности во Црна Гора паѓаат, но побарувачката расте

Објавено во: Балкан 18 Септември, 2014 07:58

Добивај вести на Viber

Цените на недвижностите во Црна Гора паѓаат, или барем така покажува статистиката. Реалноста е дека побарувачката за имот во земјата е силна, градежниот сектор е во многу добра состојба, а освен имотите туристичкиот сектор исто така доживува бум што фаворизира исклучително одредени групи од локалните. Според Државниот завод за статистика на Црна Гора во вториот квартал на годината просечната цена на станбен имот во земјата се намалила за 6,5% на годишна основа до 1 147 евра за метар квадратен, во однос на претходниот квартал падот е 0,7 отсто. Сепак се забележува силна побарувачка. Индикаторите за домување исто така видливо се зголемуваат. Вкупниот број на продадени станови во новите згради се зголемил за 16,6% до 196 станбени единици во вториот квартал на годината во однос на истиот период минатата година. Околу 80 отсто од продажбата во Подгорица, главниот град на земјата, покажуваат уште податоците на црногорската статистика. На што се должи неусогласеност при податоците? Најверојатно на "паралелни" пазари на имот. Црна Гора не е особено богата земја, но пак странските инвеститори во недвижности се привлечени од јадранскиот брег. Во земјата особено атрактивни се островчето Св. Стефан и крајбрежјето на Будва, каде што се и најскапите станови во земјата - цените достигнуваат скоро 1 900 евра за метар квадратен во вториот квартал. Главните купувачи на имот во Црна Гора се Британците и Русите, а познато е и дека земјата привлекува и светски ѕвезди од шоу-бизнисот, поради што се очекува побарувачката за викендички во земјата да продолжи, особено во услови на недостаток на рестрикции пред сопственоста, пониските даноци, поедноставените процедури за купување на имот и ниските трошоци за живот. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни