ЦЕНТАР ЗА МИКРО, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ПРИ СКСМ: „Ќе добиваат низа услуги за економски раст и развој“
Објавено во: Економија 15 Јануари, 2024
Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе го промовира Центарот за микро, мали
и средни претпријатија. Целта на Центарот е
поддршка и развој на економската активност за потребите на компаниите, чија
улога ќе биде во интерес на оваа група правни субјекти да обезбеди сет услуги и
подршка за нивно непречено функционирање.
На промоцијата на новоформираниот Центар со тема: Комората со нова алатка за поддршка на развојот на микро, малите и средни претпријатија, говореа извршниот директор на Комората, Антони Пешев и претседателката на Центарот, Габриела Кулебанова.
Зошто Центар за микро мали и средни претпријатија во Стопанската комора?
Според извршниот директор на Комората, Антони пешев, улогата на микро малите и средни претпријатија претставуваат значаен и витален дел на економијата во секоја земја, вклучително и нашата, каде последните официјални статистички податоци покажуваат дека оваа структура на компании имаат доминантно учество од 99,6% во вкупниот број на активни деловни субјекти во државата, и воедно се најголеми работодавачи, обезбедувајќи околу 70% од вкупниот број на вработени лица.
-Од друга страна учеството на ММСП во додадената вредност која се креира во земјата е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании. Ние како Комора знаеме дека однадвор сме препознаени како претставници на големите компании, кои покрај ниското учество од 0,3% во вкупните деловни субјекти во државата креираат околу 40% од додадената вредност и можеби тоа досега сме го истакнувале за да се разбере нивното економско значење и тежината од продонесот во домашната економија. Од друга страна во нашата Комора, структурата на членството кореспондира со структурата на деловните субјекти дефиирани според нивната големина. Па така 86% од вкупните активни членки во СКСМ, се во групата на микро, мали и средни претпријатија. Затоа за нас клучен предизвик во наредниот период ќе биде, како на овие компании да им се помогне да остварат поголем раст и да придонесат во креирање на поголема додадена вредност, истакна Пешев.
Претседателката на Центарот, Габриела Кулебанов, пак истакна идејата е да ја подржат економската активност на оваа група на компании кои доминираат во структурата на нашата економија со конкретни чекори.
-Има значаен број на вакви компании кои прикажуваат позитивни резултати во работењето, но се недоволно видливи. На истите, било која помош, поддршка, или стимул, ќе им биде мотивација за да ги насочи кон поголем економски раст и развој. Доколку ММСП сакаат да останат конкурентни и да играат позначајна улога како на внатрешниот така и на меѓународниот пазар, мора постојано да се надградуваат, растат, да го зголемуваат бројот на вработени, да го зголемуваат опсегот на производи и услуги, бројот на пазарите на кои настапуваат, а со тоа да остваруваат и поголем профит, за што е потребно континуирано следење и имплементирање и на стандардите, за што треба да имаат континуирано информирање со цел запознавање на важноста и потребата од следење на овој процес. Токму во тој дел Центарот при Комората ќе има значајна улога. Микро, малите и средни пртепријатија, искуствено се потрдува дека се поттикнувачи во процесот на воведување на иновативни решенија, и се активни креатори и следбеници на сите нови текови кои глобалните пазари ги инсталираат. Но слабоста на оваа форма на правни субјекти е што тие сами индивидуално не се во можност да имплементираат големи процеси за кои се потребни соодветни инвестиции, кадар, опрема, а воедно се соочуваат и со недостиг од соодветни менаџерските вештини, капацитет на работната сила, нагласи Кулебанова.
Од друга страна, во поглед на големите компании, како што рече, тие се во подредена положба поради малиот број на работници во деловните субјекти да немаат можност секогаш да бидат во тек со сите потребни инофрмации и да може да преземаат соодветни дејствија за надминување на бариерите како и следење на законските прописи.
-Нотирајќи ги сите овие работи, целта на нашиот фокус на делување преку Центарот за ММСП ќе биде кон:
креирање програми и услуги кои ќе бидат корисни за микро, малите и средни претпријатија;
консултации и стручна помош за обезбедување на финансиска поддршка;
обезбедување редовни информации за состојбата на пазарот, следење на прописите од значење на компаниите и други видови помош на барање на компаниите;
пристап и поддршка за иновации и развој на нови технологии во бизнисите;
контакт со компании и производители на суровини и материјали за производство;
стручна помош за пристап до фондови за инвестициски развој;
поддршка при дигитализација;
можност за регрутација на работна сила и можност за пристап до обуки за преквалификација на работната сила;
организирање семинари, работилници и други форми на едукативни настани;
активности во насока на подобрување и унапредување на менаџерските вештини за управување со овие претпријатија;
воспоставување соработка со институции, донатори и други потенцијални субјекти во зависност од потребите на членките на Центарот;
промоција на услугите кои ги нудат членките и
друг вид на услуги/активности кои ќе бидат предлагани согласно потребите на компаниите членки на Центарот.
Сето ова има за крајна цел поддршка и поттик на ММСП на патот кон ЕУ интегративните процеси, користењето на програмите кои ги нуди Европската унија за подигнување на капацитетите на овие копании на различни нивоа (иновативност, конкуретност, дигитализација, екологија, менаџмент).
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.