24 Ноември, 2024
0.0249

Централните банки ги намалија каматните стапки, пораснаа вредностите на главните берзански индекси

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Главните вести од изминатата недела ги вклучуваат состаноците на Kанадската централна банка (BoC) и на Европската централна банка (ECB), кои како што се очекуваше, ја намалија основната каматна стапка за 25 базични поени. Така, според новата каматна стапка на ЕЦБ депозитната стапка ќе изнесува 3,75%. Банката одлучи да ја намали каматната стапка и покрај малку повисоката стапка на инфлација од целната. За ЕЦБ ова беше прво намалување на каматните стапки од 2019 година, а според податоците на Блумберг, аналитичарите во моментов очекуваат уште две намалувања на каматните стапки во еврозоната до крајот на оваа година. Во понеделникот беа објавени и податоци за вредноста на индексот на менаџерите за набавка (PMI) за еврозоната. Вредноста на индексот во мај изнесуваше 47,3 и е сè уште под границата од 50 што го дели растот од контракцијата, но по неколку месеци, трендот на намалување на вредностите запре и индексот е на највисоко ниво од март 2023 година. Намалувањето на обемот ги намали и новите нарачки, извозот и набавните активности. Вредноста на композитниот PMI индекс, кој ги вклучува активностите во производствениот и во услужниот сектор, во мај се искачи на вредност од 52,2 во еврозоната (во април изнесуваше 51,7).

Некои други макроекономски податоци од Бирото за статистика на трудот во САД беа објавени во петокот, кои покажуваат мешана слика за состојбата на економијата. Од една страна, невработеноста во мај порасна за 0,1 процентен поен на 4%, а од друга страна, бројот на отворени нови работни места изнесува 272.000, додека според податоците на Блумберг, прогнозите предвидува 180.000. Растот на просечната часовна заработка, која се смета за важен показател на инфлаторните притисоци, изнесува 0,4% на месечно ниво и 4,1% на годишна основа. Во среда ќе бидат објавени податоците за инфлацијата во САД во мај, при што сегашниот консензус на аналитичарите за вкупната инфлација е 3,4%, а инфлацијата без цените на храната и енергијата се очекува да биде 3,5% на годишна основа.

Во Индија се одржаа парламентарни избори каде актуелниот премиер Narendra Modi доби трет последователен мандат. Сепак, неговата победа не беше толку убедлива како што првично очекуваа инвеститорите, бидејќи тоа беше првпат на неговата партија да и треба помош од регионалните партии за да формира влада. Индиската берза загуби значително веднаш по објавувањето на изборните резултати и во вторникот ја забележа најголемата дневна загуба од 2020 година, но до крајот на неделата практично ја надополни загубата. Индиските капитални индекси инаку забележаа солидни приноси оваа година благодарение на силниот економски раст, поттикнат од владините реформи кои одговараат на инвеститорите на индискиот пазар. Тоа е наведено како причина поради која Индија доживува побрз економски раст од нејзините пазарни ривали во подем, а американската агенција за кредитен рејтинг S&P Global неодамна го направи првиот чекор кон многу очекуваното подобрување на кредитниот рејтинг на земјата со подобрена перспектива, која ќе го направи поатрактивен за светските инвеститори и ќе ги намали трошоците за задолжување на земјата.

Цената на нафтата продолжи да се намалува на почетокот од неделата, а потоа успеа да врати одредена вредност, благодарение на уверувањата од картелот ОПЕК + во врска со нивната најнова одлука за понудата. Имено, земјите-членки на картелот се договориле да одржуваат намалени количества на екстракција на нафта извесно време за да спречат натамошен пад на цените. Групата споменати земји веќе произведува речиси 6 милиони барели нафта дневно помалку отколку што може – со стратешка цел да се намали глобалната дневна понуда на нафта за околу 6%. Цената на нафтата од Западен Тексас ја затвори неделата на 69,9 американски долари за барел, или 1,5% пониска во однос на претходната недела, мерена во евра.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“