22 Ноември, 2024
0.0416

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

ТHE X3 - Модерноста, перформансите и спортскиот стил достигнуваат нови нивоа: бестселерот започнува нова ера.

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Четвртата генерација на BMW X3 ја доживеа својата македонската премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар со гордост го претстави новиот BMW X3, симбол на перформанси, удобност, дизајн и напредна технологија.

Со свежа, динамична аура, новиот BMW X3 ја истакнува својата спортска страна, нудејќи премиум корисничко искуство, извонредна агилност и великодушна пространост кои ги надминуваат очекувањата. Благодарение на иновативните технологии, како новиот инфозабавен систем и напредните безбедносни функции, секој момент во новиот BMW X3 е уникатно доживување.

„Со својата спортска привлечност, впечатлив дизајн и напредни техноглогии, новиот BMW X3 ја презема улогата на талентирано, сеопфатно возило за секојдневна употреба, слободни активности и удобни патувања. Новиот дизајнерски јазик на четвртата генерација на BMW X3 му дава импресивна надворешна појава и динамична грациозност. Висококвалитетните материјали, значително попространата стандардна спецификација, напредната дигитализација и новиот BMW iDrive со QuickSelect, заснован врз BMW Оперативен систем 9, го доловуваат премиум амбиентот во прогресивно дизајнираната кабина. Задоволството при возењето, безбедноста и удобноста на долги растојанија во новиот BMW X3, се должат на исклучително прецизното подесување на целокупната организација на автомобилот и широкиот избор на полуавтоматски системи за возење и паркирање“, изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар. 

Впечатливиот дизјан на новата едиција, многубројните иновации и неговата надградена стандардна спецификација, претставуваат идеална основа за испишување на уште едно поглавје во успешната приказна на BMW X3. Уште од неговото првично воведување во премиум класата на SAV сегментот со средна големина, овој модел има клучна улога за постојаниот раст на популарноста на BMW X моделите, a беше и најпродаван модел на брендот во 2023 година.

Со новиот дизајнерски јазик BMW X3 добива речиси монолитен, целокупен изглед. Новиот BMW X3 е 34 милиметри подолг од својот претходник, додека ширината е зголемена за 29 милиметри. Заедно со 25-милиметарското намалување на висината на возилото и поширокит став, автомобилот добива нови пропорции кои му  ја нагласуваат динамичноста и спортскиот изглед. Големата BMW бубрежна решетка, со опционалното контурно осветлување BMW Iconic Glow, му дава моќна и самоуверена појава. 

Портфолиото на погонски склопови на новиот BMW X3 се состои не само од мошне ефикасни бензински и дизел мотори туку и од plug-in hybrid систем од најновата генерација, што му овозможува на новиот BMW X3 30e xDrive комбинирана погонска моќност до 293 kW/398 кс и способности за динамични перформанси што ги засенуваат неговите ривали.

Новиот BMW X3 е веќе вo продажба и достапни се четири варијанти на моделот почнувајќи од 70.890 €.

Следните модели се веќе достапни во понудата: X3 20d xDrive, X3 20 бензин xDrive, X3 M50 бензин xDrive и X3 30e xDrive.  Електричната верзија на новиот BMW X3 ќе биде првaта едиција на Neue Klasse, која ќе се разликува од постоечките модели, а неговото претставување на пазарот ќе започне во четвртото тромесечје на 2025 година. BMW X3 се произведува во фабриката на BMW Group во Спартанбург (САД) и во фабриката Рослин (Јужна Африка) со производствен процес што се фокусира на зачувување на ресурсите и циркуларност.

За да го запознате одблиску и за повеќе информации, обратете се во М Кар BMW Македонија.

Покрај новиот BMW X3, на денешната промоција за прв пат пред македонската јавност беше презентиран и ексклузивниот BMW M5 Седан. Новиот BMW M5 Седан ги поместува границите, поставувајќи совршена формула за баланс  на шасија, реакција на управувачот и моќ во сооднос со тежината. Неговиот V8 би-турбо засилен со електро-мотор испорачува 727 КС и ги пренесува на сите тркала.  На кратко, тоа е сè што ја прави BMW врвна машина за возење.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ