05 Декември, 2025
0.0349

Централните банки – модерен „Дон Кихот“ во битката со кризите!

Објавено во: Анализа 21 Април, 2014 09:49

Добивај вести на Viber

Најстарите централни банки во светот се речиси (иако не сосема) толку стари колку  и модерната трговија. Се разбира, сето тоа зависи од тоа како го дефинираме поимот "модерна", пишува во својата анализа авторот на учебникот "Принципи на банкарството" проф Мурад Чаудри. Во антиката Вавилон бил голем трговски центар, иако последователно биле разгледувани и Феникија и Картагина. Во одделни периоди сите тие имале своите клучни улоги, кои се изменети  со спорни резултати во текот на времето. Англиската централна банка (АЦБ) е основана во 1694 година со една единствена мисија - да делува не како регулатор на финансиските институции во земјата, а да помогне при  наплатата на средства за спроведување на војна против Франција. Централната банка на Шведска (Риксбанк) пак е првата во светот, основана во далечната 1668 година. Но назад во времето таа исто така не се занимавала со она што го прави сега. Во XVII век банката функционирала целосно како приватна институција. На уште колку промени ќе станеме сведоци? Денес централните банки се речиси целосно регулаторни институции кои вршат надзор над банките во соодветната земја. Повеќе модерни стратегии пак вклучуваат и спроведување на монетарната политика. Тоа се две сосема различни нешта. Во 1997 година британската влада ги оддели двете функции една од друга, само за да ги соедини повторно 13 години подоцна. Денес веќе можеме да додадеме и уште една карактеристика која е исто така доста поинаква - преземањето на одговорноста за дел од недостатоците на приватниот сектор. Таа се изразува во реализацијата на неконвенционални политики, како квантитативните олеснувања и вештачкото одржување на ниски камати. Меѓу мерките е и купување на ризични средства во вредност од трилиони долари и ставајќи ги во билансот на јавниот сектор. Всушност колку од нас се имаат запрашано каква е капиталната база на трите најголеми банки во светот - Федералните резерви на САД, Европската централна банка (ЕЦБ) и АЦБ? Колку тие навистина можат да си ги дозволат активностите кои ги извршуваат во моментов? Можат ли во даден момент да се одолее на големите загуби? Тоа се прашања кои веројатно ќе останат и понатаму без одговори. Неодамна Гувернерот на АЦБ Марк Карни истакна дека обновувањето на Велика Британија е "ниту избалансирано, ниту одржливо". Тоа е всушност е прилично дискутабилно. Можеме  да ги  посочиме последните статистички податоци, како што се  растот на БДП, нивото на платите, бизнис инвестициите, невработеноста, итн, кои ќе го оспорат овој став. Но тоа е посебно прашање. Друго интересено прашање е кога точно централната банка стана гарантот за балансиран и стабилен циклус на раст во економијата. Не беше ли тоа главната улога на приватниот сектор? Треба ли сега да се чека додека секој е 100% убеден дека растот ќе е реален, избалансиран и одржлив, ако централната банка ја коригира каматата на пример со 25 базични поени? Треба да се запрашаме и колку централните банки ни  помогнаа да се избегне бездната, достигната во 2009 година. Да го погледнеме растот на берзите, изградени врз најлесните пари - колку долгорочни се тие? Ако одговорот е "Не многу", ова е нешто што може сериозно да ни пречи. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени